Битола денес ќе живее за ракомет. Во рамки на сезоната 2025/26 од Македонската Суперлига, љубителите на спортот ќе имаат можност да проследат несекојдневен и атрактивен дуел – РК Еурофарм Пелистер против РК Еурофарм Пелистер II.
Натпреварот ќе се одигра денес со почеток во 18:00 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде се очекува одлична атмосфера и голема поддршка од трибините.
Дуелот меѓу двата битолски состави носи посебна тежина, од една страна искуството и амбицијата за врвот, а од друга младоста, енергијата и желбата за докажување. Иако двата тима го носат истото име и грб, на теренот нема пријателства, само борба за бодови и спортска чест.
Љубителите на ракометот можат да очекуваат динамичен натпревар, цврста одбрана, брза игра и вистински спортски спектакл достоен за ракометната традиција на Битола.





