ПЕЛИСТЕР ЖИВЕЕ И ВО АМЕРИКА: БИТОЛСКОТО ИМЕ НА ВРВОТ ВО КОЛУМБУС!

од • September 25, 2026 • 0 коментари

Љубовта кон Пелистер и зелената боја одамна ги има надминато границите на Битола и Македонија. Убав пример доаѓа од американскиот град Колумбус, каде од 2024 година постои фудбалскиот клуб Pelister Columbus.

Клубот е основан и предводен од Даниел Павловски, а веќе во 2026 година, според информациите што пристигнаа до нашата редакција, успеал да стане шампион во Columbus Premier League, како и да го освои Columbus Cup 2026.

Но приказната продолжува. Во актуелната есенска сезона Pelister Columbus се наоѓа на првата позиција на табелата, со амбиција да стигне до уште една титула.

Покрај Даниел Павловски, во екипата како капитен е посочен Лука Стојчев, додека дел од стручниот штаб е и помошниот тренер Heath Timpe.

Од Битола до Колумбус има илјадници километри, но за битолчани ширум светот зелената боја очигледно нема граници.

Името Пелистер се носи со себе – каде и да те однесе животот.

Babam Bitola

Comments are closed.