Среда Пелистер Еурофарм го пречекува Охрид во „Боро Чурлевски“ – нов предизвик за зелените

од April 3, 2026 0 коментари

Во рамките на четвртото коло од македонската Суперлига, ракометарите на Еурофарм Пелистер во среда ќе излезат на домашен терен, каде во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречекаат тимот на ГРК Охрид.

Натпреварот е закажан за 8 април со почеток во 18:00 часот, а се очекува уште една силна ракометна атмосфера во, како што битолчани ја нарекуваат, македонскиот храм на ракометот.

Пелистерци влегуваат во дуелот со јасна цел – нова победа и продолжување на победничката серија во домашното првенство. Поддршката од трибините повторно ќе има големо значење, а „Чкембарите“ се подготвени да бидат дополнителниот ветер во грб за својот тим.

Од друга страна, тимот на Охрид ќе се обиде да приреди изненадување, што дополнително гарантира интересен и неизвесен натпревар.

Сите љубители на ракометот се повикуваат да бидат дел од овој натпревар и да ја наполнат салата, создавајќи атмосфера каква што доликува на Битола и на Пелистер.

Babam Bitola

Comments are closed.