Во чест на својот поранешен член, спортист и долгогодишен поддржувач на битолскиот спорт, Зоран Петковски – Петкото, клубот Пелистер Волеј ќе организира хуманитарен натпревар во рамките на 4. коло од Суперлигата.

Натпреварот ќе се одигра во сабота, на 1 ноември 2025 година, со почеток во 17:00 часот, во спортската сала „Д-р Јован Калаузи“ во Битола.

Средствата од продажбата на влезниците ќе бидат донарани на семејството на Петковски, како симболичен чин на почит и солидарност кон човекот кој остави длабока трага во спортскиот живот на градот.

„Ова е наш мал обид да се оддолжиме на еден голем човек, спортист и пријател, кој секогаш даваше сè од себе за спортот и за луѓето околу него,“ порачуваат од Пелистер Волеј.

Покрај средствата од влезниците, љубителите на спортот ќе имаат можност да придонесат и со доброволни донации, кои ќе се собираат на двата влеза од салата.

Со оваа иницијатива, Пелистер Волеј и спортската јавност на Битола уште еднаш потврдуваат дека спортот е повеќе од натпреварување — тоа е заедништво, човечност и срце.