Падна минатогодишниот освојувач на купот на Македонија
Струмица Жени – Пелистер Волеј
2:3 (23:25; 25:22; 25:27; 25:17; 12:15)
Во епска битка од 2 часа и 47 минути битолските одбојкарки доцна во ноќта во 1/8 финалето ја елиминираа силната екипа на Струмица Жени и се пласираа во 1/4 финалето од купот на Македонија.
Натпревар кој изобилуваше со многу борба од двете страни, се играше агресивно и самоуверено, но дефинитивно желбата на нашите одбојкарки за победа и понатамошен пласман беше на повисоко ниво и сосема заслужено се враќаме како победници од овој прекрасен дуел.
Време беше да се подигни самодовербата на уште повисоко ниво, да си докажиме пред самите нас, а и пред јавноста дека Битола заслужува да има прволигаш, особено кога победувате екипа засилена со интернационалки во својот состав која несомнено доколку победеше немаше да биди незаслужено.
За одбележување е што во петтиот сет Пелистер имаше и 10:1 па и 12:3, но младоста не дозволи големото искуство да направи изненадување во овај маестрален сет, во кој покажавме и дека физичката спремност на екипата е во топ форма, зошто да играте безмалку 3 часа во вака висок ритам тоа не би било можно без добар припремен период.
Игравме со два играчи кои имаа висока температура и беа под лекови, но одбија да не бидат дел од составот, што само ја потврдува нивната големина како спортисти, што треба да послужи како пример за сите останати.
Честитки за прикажаната игра и на домаќините, но среќата дефинитивно не сакаше повеќе нас.
Бриљираше Софија Садик со 24 поени, а двоцифрени беа Најдановска (14) и Белокозовска (13), понатаму, Лозановска (8), Димитривска (6), Јовчева (4), Стојковски (2), Андоновска (1)
Пелистер реализираше влупно 53 поени од напад, имаше 7 блока, 12 аса или вкупно 72 поени.
Честитки за сите наши одбојкарки.