Битола отсекогаш важела за еден од најтешките терени за гостинските екипи, а тоа го потврдува и легендарниот хрватски ракометен тренер Јосип Шојат, кој во интервју за хрватските медиуми се наврати на времињата кога Пелистер беше сила што се почитуваше низ цела поранешна Југославија.

Шојат искрено зборува за периодот кога ракометот се играше со страст, карактер и без компромис, истакнувајќи дека гостувањата во Битола биле вистински предизвик за секој тим.
„Гостувањата во Битола беа меѓу најтешките. Атмосферата беше жестока, а Пелистер во тоа време беше страв и трепет за сите екипи“, посочува Шојат.
Токму салата „Боро Чурлевски“ била местото каде многу фаворити паѓале, носени од енергијата на публиката и борбеноста на домашниот тим. Пелистер не бил само клуб – туку симбол на битолскиот спортски дух и непокор.
Ова сведоштво уште еднаш потсетува на златните времиња на битолскиот ракомет, кога Битола беше ракометна тврдина, а Пелистер име што будеше респект каде и да се појави.
Денес, овие зборови се потсетник на традицијата, но и мотивација за новите генерации да ја продолжат приказната која некогаш ја правеше Битола центар на ракометот во регионот.
Целото интервју ТУКА
