Пелистерци тргнаа кон Пореч: Младите ракометари со нов предизвик и иста амбиција

од March 28, 2026 0 коментари

Младинската екипа на Еурофарм Пелистер до 18 години денес го започна своето патување кон Пореч, Хрватска, каде на 30 и 31 март ќе настапи на турнирот од младинската Лига на шампиони.

Битолскиот тим повторно ќе ја претставува Македонија на европската сцена, носејќи го препознатливиот победнички дух и амбицијата за нов успех. По зеленo-белата гарнитура, пелистерци на турнирот ќе настапат и во резервната плаво-бела комбинација на дресови, подготвени за секој предизвик.

Дополнителна сигурност за оваа генерација е искуството од минатата сезона, кога дел од играчите беа дел од историскиот успех – пласман на Ф4 турнирот во Келн, во рамките на .

Оваа екипа е составена целосно од млади битолчани, кои играат со срце, дисциплина и заедништво, гордо носејќи го името на клубот и достоинствено претставувајќи ја Битола.

Првиот натпревар пелистерци ќе го одиграат против Алборг, во понеделник со почеток од 12:00 часот во спортската сала „Затика“ во Пореч. Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на платформата на .

Без разлика на боите на дресот – Пелистер секогаш останува препознатлив.

Babam Bitola

Comments are closed.