Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 утре од 17:30 часот ќе одиграат пријателски натпревар во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Средбата меѓу двата битолски тима ќе биде последна контролна проверка за екипата предводена од Лино Червар, пред почетокот на официјалните натпревари во новата сезона 2026/27.
Натпреварот ќе биде можност стручниот штаб да ја провери моменталната форма на ракометарите и подготвеноста на екипата пред првите официјални предизвици.
