Битолскиот боксерски клуб „Пелистерски јунак“ е новиот шампион во Првата македонска бокс лига, а Фамилија Демирови ја одбранија титулата во Младинската лига.

Националната бокс федерација денес ги објави официјалните резултати од последното 6.коло што се одржа во Штип во саботата и конечните табели.Пелистерски јунак освои 47 бода, а второпласираниот Универзалци 43, додека третиот Шкупи 30.

🙏Слава на БОГА🙏

🥊Демонстрација на Вештина🥊

🏆 ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА🇲🇰

🥇Место во Прва Бокс Лига на Македонија🇲🇰🥊

🥈Место во Младинска Бокс Лига на Македонија🇲🇰

🙏Слава Тебе Господе❤️

Фала Јунаци мои…Клубот ЗАБОРАЕН од сите, ама не и од БОГА🙏💪

Нека Течи….објави тренерот Петровски Јове Оцо на нивниот официјален профил.

Ова е прва титула на Пелистерски јунак и ја заокружуваат успешната сезона.

ВРАВО МОМЦИ, НЕКА СЕ МНОЖАТ!


Извор „И моето дете ќе навива за Пелистер“, фб група и Петровски Јове Оцо