Пелистерските Очи се леднички езера кои се наоѓаат на Баба планина во близина на врвот Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 м, долго е 233 м, а широко 162 м. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180м. долго е 79 м а широко 162 м. Големото е длабоко 14,5 м а малото 2,6 м. Веднаш крај Големото Езеро има планинарски дом со капацитет од 50-100 легла и прекрасни терени за планинарење, алпинизам, планински велосипедизам и спортување. Пелистерските Очи се познати и како “Горски Очи”. Околу настанокот на овие природни реткости постои легенда за заљубените две сестри. Според легендата и двете биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но, нивната мајка не дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Девојките ги пратила во планина со клетва да бидат една до друга, но сепак да не можат да се видат. И двете скршени од несудената љубов почнале да леат солзи, од кои солзи се создале и двете езера.

 

еден коментар

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here