Пелагонските пингпонгари со нов медал од државното првенство

од March 24, 2026 0 коментари

Пингпонгарите на ППК Пелагонија продолжуваат со успешните настапи на домашната сцена. Изминатиот викенд на Државното првенство за сениори кое се одржа во Скопје, битолскиот клуб се закити со уште еден медал.

Во конкуренција на двојки, Христијан Јовановски и Даниел Жоу Главевски освоија трето место и се закитија со бронзени медали, потврдувајќи ја својата стабилна форма и квалитетна игра.

Забележителен настап имаше и Даниел Жоу Главевски во поединечна конкуренција, каде се пласираше меѓу најдобрите осум натпреварувачи. Во борбата за пласман во полуфиналето, тој пружи силен отпор, но несреќно беше поразен со 4:3 во сетови, иако имаше водство од 3:0.

Овој резултат е уште една потврда за континуитетот и напредокот на ППК Пелагонија, како и за потенцијалот на младите битолски пингпонгари на државната сцена.

Babam Bitola

Comments are closed.