„ПАЉО КЛАСИК“ СО ХУМАНА МИСИЈА – ПРИХОДОТ ОД БИЛЕТИТЕ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА ЗОРАН ПЕТКОТО

од • September 21, 2026 • 0 коментари

На 27 септември, недела, со почеток во 19 часот, Центарот за култура во Битола ќе биде домаќин на новото издание на „Паљо Класик“, спортски настан кој покрај натпреварувачкиот карактер, годинава ќе има и силна хумана димензија.

Организаторот Зоран Лазаревски – Паљо ги повикува битолчани да дојдат во што поголем број и заеднички да ја исполнат салата до последното место.

Билетите чинат 200 денари, а средствата од нивната продажба ќе бидат наменети за семејството на Зоран Петкото, нивниот другар кој прерано почина.

Публиката ќе има можност да проследи квалитетни натпреварувачи, натпреварувачко шоу и спортски спектакл каков што ретко се гледа во Битола.

„Бидете таму, да не ви биде мака кога ќе ви раскажуваат тие што биле. Се гледаме на 27 септември“, порачува Зоран Лазаревски – Паљо.

Овојпат присуството на „Паљо Класик“ ќе значи повеќе од гледање спортски спектакл – ќе значи и подадена рака кон семејството на еден прерано заминат битолчанец.

Babam Bitola

Comments are closed.