Еден од најпрепознатливите бодибилдинг настани во регионот, „Паљо Класик Опен“, оваа година ќе се одржи на 27 септември 2026 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура – Битола.
Годинешното издание ќе биде збогатено со зголемен награден фонд од вкупно 8.000 евра, од кои 5.000 евра во парични награди и 3.000 евра во суплементи, што претставува сериозна мотивација за учесниците од различни бодибилдинг категории.
Покрај спортскиот карактер, настанот носи и силна хуманитарна димензија. Влезниците ќе бидат по цена од 200 денари, а целокупниот приход од продажбата ќе биде дониран на семејството на прерано починатиот спортист Зоран Петковски – Петкото, човек кој остави длабока трага во македонскиот спорт.
Организаторите најавуваат возбудлива вечер исполнета со дисциплина, естетика, спортски дух и почит кон бодибилдингот, но и порака за заедништво и поддршка таму каде што е најпотребно.





