Како изгледа една расправија со Менде мој ! Зборвам за расправии, не за кавги . Во кавгата не се контролираш, ќе кажеш и тоа што треба и тоа што не треба, полни со гнев и лутина и на крајо секогаш некој останува со повредено срце и болка во душата . Расправиите секогаш почнуваат со една ситница, се надоврзуваш на секој збор што ќе го каже спротивната страна , забораваш зошто почнала расправијата и на крајо завршува со смеа , никој не се чувствува повреден , Но како велам јас,една расправија ќе го прочисти воздухот, ќе ти излези лутината и на крај осеќаш една леснина во душата . Значи вака почна нашата расправија : Зимно време, сѐ уште од мојата бавча нема абер нешто да порасни, го праќам Менде до Веро да купи домати.. И секогаш ќе му нагласам, молим те Менде не купвај ништо друго,купваш некои глупости, ни кучето не сака да ги јаде . Се враќа Мендо од Веро и носи едни домати со кора како за пенџетирање чели а кога ќе го пресечиш , внатре цело едно дрво на животот .
Јас: Добро бе Менде кај ти беа очите?
Мендо: Кај што ми се секогаш и што им фали на доматите ?
Јас: Што им фали,ти мислиш дека ништо не им фали .
Мендо : Мислам . Јас: Јас велам дека им фали .
Мендо: Пацо како папагал си , сто пати рече фали .
Јас: Значи сега сум папагал а до вчера бев чавка која грака кога пее .
Мендо: Арно спомна, онаа твојата пријателка Цена личи на права чавка .
Јас: А пак твојот пријател Цане личи на гавран.
Мендо: Арно што ме потсети да те прашам, што ти пречи чоекот, ништо лошо ти нема напраено .
Јас: Што ми пречи , кога ќе заседнете во дворо, јас сум ви келнерка,уште една крпа да префрлам преку рака и на спиење да си го задржиме.
Мендо: А тебе кога ќе ти заседни Офи ( Офелија е едно чупе од комшиите , ама сите новости ги учам од неа), да ти кажам право не можам да ја гледам со тој пирсот на јазикот , како некое змивче везден го вади надвор,мислиш ќе те касни .
Јас: Знам јас кој можиш да гледаш, Пети тикварката, кога ќе зиниш во неа, очите ќе ти испаднат.
Мендо: Знаеш што Паце и не е баш некоја тикварка,паметно си зборва жената .
Јас: Ако таа е паметна, јас сум Ајнштајн .
Мендо: Арно што спомна оти не го прати твојот Ајнштајн ( мисли на Ленин) да ти купи домати ?
Јас::Значи Мендо никогаш не признаваш дека си крив .
Мендо: А ти Паце секогаш ги браниш другите , како еднаш не речеш дека сум во право .
Јас: Имам многу пати речено , само ти не слушаш, зјапаш во телевизоро и ме потресваш кога ќе скокнеш и ќе викнеш гоооол.
Мендо: А ти кога ги гледаш тие сериите и плачеш , јас ништо не велам ,,те оставам да се изнаплачеш ,,да шмркаш со носот и да се мрсулавиш .
Јас: Ти не велиш, само твојот глас се слуша во куќава , како да пееш во опера.
Мендо: Убаво што ја спомна куќата , што ти пречеа ластовиците па им го руши гнездото , па уште мене ме токмеше да го напраам тоа, оти мајка ми била постара од мајка ти .
Јас: Мајка ти, таа што ми ги вика децата угурсузи и везден прави контрола што имам напраено за ручек .
Мендо: Женате е стара домаќинка и знае да готви убаво .
Јас: Мендо не ме влечи за јазик ,,знаеме сите како готви убаво, манџите само вода” како за глаа миење .
Мендо : Арно ме потсети , кога напраи ладна ондулација , имав жена со две глаи .
Јас: Арно и ти ме потсети,, со една немоеш да излезиш на крај,па не со две.
Мендо: срам да ти е Паце, а што ми фали да те прашам ?
Јас: Ништо Мендо, уште крилја па да летниш .
Мендо: Рече крилја Паце, оти мене ми ги даваш крилцата и белото месо од кокошката а на децата копаните.
Јас: Затоа што децата растат а ти си доволно и висок и широк и не ти треба ништо да додаваш.
Мендо: Сакаш да кажеш дека сум дебел !
Јас: Не Менде, ти рече дебел .
Мендо: Е нели бев Кирк Даглас ?
Јас: Кога не сум лута е тогаш си најубав . И да те прашам нешто, од кај знаеш дека Мерлин Монро кога одела на спиење не носела ништо , само парфем Шанел 5 ?
Мендо: Е како да не знам Паце од искуство , од лично искуство .Туку да те прашам , зошто почнавме да се расправаме ?
Јас: Господ да ме убие ако знам и тука двајцата почнавме да се смееме. Доматите ако знае да зборват , сигурно ќе ни побараа прошка ! Вие како сакате, ама не е лошо од време на време да си имате по некоја расправија , ќе си се потсетите на многу работи што биле битни во вашите животи ! ПОЗДРАВ ПАЦА !
АНАСТАСИЈА КОКАН ПЕТРОВСКА