Македонскиот алтернативен рок состав Паркети се враќаат со нова песна и видеоспот насловен „Љубичица“ – психоделична рокенрол приказна која ја проширува нивната музичка естетика во ново звучно и визуелно доживување.

Песната носи препознатлива енергија, гитарски валови и хипнотички ритам, а видеото дополнително го истакнува психоделичниот момент преку симболика, боја и атмосфера.

Паркети уште еднаш потврдуваат дека се еден од најкреативните претставници на македонската независна сцена, со свој јазик, став и звук.