Основно училиште Даме Груев Битола организатор на вчерашниот настан во Офицерски дом, покажа и докажа како се воспоставува училишна култура која се темели на поддршка и емпатија. Учениците со се родители, цел наставнички колегиум присутен во први редови, без разлика на исходот Ана и Алексеј се победници за сите нив, но и нам како неутрални гледачи и граѓани на Битола. Браво за ова училиште кое ни крена адреналин, ни ги разнежни срцата и ни овозможи ваков прекрасен ден.
Јасна Николовска