Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола објави јавен оглас за вработување на определено работно време на вкупно 195 извршители на работното место образовен асистент.

Вработувањата се однесуваат за потребите на училиштата во општините Македонски Брод, Пласница, Кичево, Дебар, Центар Жупа, Дебрца, Струга, Вевчани, Охрид, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Битола, Могила, Новаци и Прилеп.
Огласот е отворен пет работни дена од денот на објавувањето, односно од 23 јуни 2026 година.
Потребните документи и условите за пријавување се објавени во дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“, како и на официјалната веб-страница на училиштето.
Документите може да се достават лично до Комисијата во ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола или по пошта на адреса: ул. „Захарија Шумљанска“ бр. 10, 7000 Битола.
Приемот на документацијата се врши секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Повеќе информации на официјалната веб-страницана училиштето.
