Дел од учениците на ОУРЦ „Кочо Рацин“ и оваа година, заедно со своите родители и стручните соработници, беа дел од инклузивниот настан „Night to Shine“ (Ноќ за блесок) – вечер посветена на прифаќањето, еднаквоста и човечката блискост.

Настанот помина во атмосфера исполнета со насмевки, прегратки и искрена радост. Просторот беше место на вистинска дружба, каде што немаше бариери, туку само разбирање, поддршка и чувство на припадност.

Присуството на учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ уште еднаш ја потврди важноста на инклузијата и заедништвото, како и значењето на ваквите настани што оставаат длабоки и трајни спомени кај сите учесници.

Зашто секој човек има своја светлина.И секој заслужува да блесне.