ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола доби нов уреден и функционален простор наменет за рекреација, забава и психомоторна реедукација на учениците – сензорен двор.


Станува збор за мало, но значајно катче кое ќе служи како место за игра, учење и истражување, со посебен акцент на развојот на сетилата, моториката и социјалните вештини кај учениците. Просторот е внимателно уреден со цел да обезбеди безбедна и стимулирачка средина, прилагодена на потребите на децата.

Од установата информираат дека сензорниот двор е создаден со многу љубов и посветеност, а во наредниот период ќе продолжи неговото унапредување и проширување.




„Иако е во почетна форма, овој простор има големо значење за нашите ученици. Чекор по чекор ќе го надградуваме во уште поубаво и инспиративно место, исполнето со радост, насмевки и нови успеси“, велат од ОУРЦ „Кочо Рацин“.

Сензорниот двор претставува уште еден значаен чекор во создавање инклузивна и поддржувачка образовна средина во Битола.

