Никола, Кокан, Димушевски, е роден во Скопје, 26. Ⅳ 1958 – клавијатурист, аранжер, композитор и продуцент. Кариерата ја започнал како клавијатурист на групата „Леб и сол”, а има напишано над 200 аранжмани за различни автори и изведувачи во Македонија и во Европа.

Автор е на музика (околу 1.500 мин.) за голем број театарски претстави во Европа и во САД. Создавал музика (аудиодизајн) за повеќе радио и ТВ станици. Одржал над 1.000 концерти во целиот свет. Соработувал со Ѕамаха и Радио Франце Интернационал. Издал дваесетина ЦД и ДВД-носачи. Дваесетина години бил музички продуцент во МРТ. М. Кол.

🔴Место: Пацио ( НУ Завод и Музеј на Битола)
🔴Време: 20.15 ч.
🔴Влез: Слободен