Осми март-меѓународниот ден на жената во битолска комуна ќе биде свечено прославен. За таа цел Конференцијата за општествена активност на жената подготви програм во кој што се предвидени повеќе манифестации . Деновиве во повеке битолски села прославата започна со разговори меѓу одделни претставници на претседателството на Општинската конференција и жените.

Во разговорите што се водени се дискутираше за повеке прашања од секојдневниот живот и активност на жените. Денес пред пладне таква средба беше одржана во село Кукуречани . На осми март пред пладне ќе биде организиран прием на пионери од повеке битолски основни училишта .Ко нференцијата за општествена активност на жената предвидува и посета на некои свои активисти какика по домовите и посета на активистки коишто се наоѓаат на лекување во Општата болница во Битола.

Исто така на денот на прославата низ повеќе битолски работни колективи, стопански организации и училишта ќе се читаат реферати за значевето и улогата на овај ден. Во одделни училишта на класниот час ќе се поведат и разговори за местото и активноста на жените.

Извор и голема благодарност до Државен Архив Одделение Битола