„ОСМИОТ ИГРАЧ“ ДОБИВА СВОЈА ФАН-ЗОНА: Еурофарм Пелистер одбележува 41 година Чкембари

од • September 27, 2026 • 0 коментари

РК Еурофарм Пелистер подготвува посебна фан-зона посветена на навивачката група Чкембари, која годинава одбележува 41 година од своето формирање.

Фан-зоната, симболично наречена „Осмиот играч“, ќе биде поставена на платото пред спортската сала и ќе започне во 18:00 часот, пред европскиот натпревар на битолскиот клуб.

За посетителите се најавени музика и диџеј, зелен килим, навивачко шминкање, 360° камера, клупски производи, посебна зона за најмладите, како и храна и пијалаци. Пред влегувањето во салата е предвидено и заедничко навивачко одбројување.

Настанот е посветен на генерациите Чкембари кои од 1985 година го следат Пелистер на домашен терен и на гостувањата, останувајќи препознатлив дел од спортскиот и навивачкиот идентитет на Битола.

Пораката со која од клубот ја најавуваат фан-зоната е едноставна и симболична:

„На теренот се седум. Осмиот е на трибините.“

💚🤍 Чкембари 1985 – 41 година со Пелистер.

📍 Плато пред спортската сала

⏰ 18:00 часот

Babam Bitola

Comments are closed.