Германските сили уште во октомври беа силно зацврстени непосредно до село Могила. Тука имале сконцентрирано околу 100тина митролези, 25 минофрлачи, многу камиони, биле ископани и ровови. Фортикациониот систем ја опфаќал линијата Св. Недела – Монополот – Железничката линија – Француски гробишта како и зајакнати пунктови еврејските гробишта, земјоделско училиште и друго.


49-та дивизија на 2 ноември добила задача да ја ослободи Битола. Во градот била воведена опсадна состојба. Насекаде имало запречни препреки, ограничено движење и слично.

На 3 ноември 1944 година Седмата и Деветтата бригада воделе борби со германските сили стационирани во близината на село Могила. Истиот ден Врховниот штаб ја испратил следната телеграма до Главниот штаб на Македонија: „Потребно е да развиете максимална активност. особено е важно да ги ослободите што побрзо градовите и граничниот појас кон Грција. Да бидат држени сите градови, премини и сообраќајници на границата кон Грција. Да не бидат пуштени ничии групи на наша територија без наше одобрение. Многу е важно да бидат заземенни што побрзо градовите Гевгелија, Дојран и Битола. Тито“

Согласно телеграмата на Тито борците од 49 југословенска дивизија ги засилила своите акции. Така борбата кај Могила продолжила и на 4 ноември, а во предпладневните часови единиците на Седмата бригада на чело со командантот Пецо Гудовски одушевено пречекани од населението влегле во Битола.

Така, по неполна четиригодишна окупација македонските борци го ослободија својот град Битола.
Битола славеше. Секаде се чуствуваше празнично расположение. Луѓето беа радосни, што ете, конечно изгреа ново сонце на слободата…

Фотографии од партизани сликани на Широк Сокак и во околината на Битола;

Партизанката Фана Кочовска од с.Лавци со нејзината другарка

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here