Оркестар DIVA синоќа во Охрид уште еднаш покажа зошто Битола отсекогаш била град со посебен музички дух, силна сценска енергија и публика што знае да создава култура, не само да ја следи.

Со концертот MTV The Greatest Hits 80s & 90s, DIVA направи атмосфера за паметење. Охрид уживаше, пееше, играше и реагираше онака како што секој изведувач посакува – искрено, гласно и од срце.



А посебно мора да се истакне: охриѓани беа прекрасна публика.
Топли, расположени, внимателни и целосно внесени во концертот. Тие беа публика која беше дел од вечерта, дел од енергијата и дел од споменот што ќе се раскажува.

Оркестар DIVA, под диригентската палка на Владимир Димовски, заедно со Ана Петановска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Јасна Димитровска и Огнен Димовски, ја вратија публиката во златното време на MTV кога музиката се чекаше, се гледаше, се пееше и се паметеше.

И токму затоа, ваквите настапи се најубава промоција на Битола, на нејзината музичка традиција, на нејзините уметници и на енергијата што овој град ја носи каде и да се појави.

Охрид, благодариме за прекрасната вечер. Се надеваме дека повторно ќе ни бидете домаќини.















