Битолчанката Цеца Аврамовска,фитнес шампионка и тренер, своето искуство го преточи во новата „Wonder Woman“, комплетна онлајн фитнес и wellness програма наменета за жени и мајки кои сакаат да го обликуваат телото, да се чувствуваат посилно и посигурно и да изградат одржлива рутина.
Програмата е поставена така што може да се следи и од далечина, а вклучува видео вежби со детални објаснувања, структуриран план за тренинг по денови, фокус на техниката и правилната изведба, со пристап до програмата во период до три месеци, зависно од избраниот пакет.
Целта, според програмата, е преку редовно и правилно вежбање да се работи на дефинирање и обликување на телото, зголемување на силата и мускулната маса, подобрување на техниката, како и создавање рутина која може да се вклопи во секојдневниот живот.
Корисничките можат да изберат различно ниво на поддршка. Едномесечниот пакет со видео вежби и структуриран план чини 1.500 денари, додека тримесечниот пакет од 2.990 денари дополнително вклучува фитнес планер, Workout Book и еден час консултација и корекција на вежбите.

За оние кои сакаат индивидуален пристап се нуди и персонално менторство, со персонализиран тренинг и план за исхрана, неделни корекции, месечна консултација и тримесечен пристап до видео вежбите. Цената на овој пакет е 6.000 денари месечно.
Пораката зад „Wonder Woman“ е едноставна, трансформацијата да не биде само краткорочна промена на изгледот, туку создавање сила, самодоверба и навики кои можат да траат.

Програмата Wonder Woman нуди и персонализирано менторство, со 1-на-1 онлајн консултации директно од фитнес студиото на Цеца Аврамовска. Учесничките добиваат насоки и корекции при изведувањето на вежбите, како и можност за директни одговори на прашањата во текот на процесот. Концептот е наменет за жени и мајки кои сакаат организирано да работат на својата физичка форма, со индивидуален пристап и стручна поддршка.“
Програмата е достапна преку платформата Rosberi.
Од Битола, со искуство од фитнес сцената, Цеца Аврамовска сега своето знаење го пренесува и на жените кои сакаат да го направат следниот чекор за себе.

