РК Еурофарм Пелистер продолжува со екипирањето на тимот за новата сезона, а редовите на битолскиот клуб ќе ги засили уште еден интернационалец од Босна и Херцеговина. По ангажманот на Едвин Џелиловиќ, нов член на „зелено-белите“ е средниот бек .

26-годишниот ракометар потпиша договор на една сезона, со можност за продолжување на соработката на уште една година со актуелниот македонски шампион.
Мехмедовиќ важи за етаблиран играч на својата позиција. Ракометно израснат во Грачаница, во својата кариера краток период настапуваше и во Австрија за , додека во Битола пристигнува од , каде настапуваше во словенечкиот шампионат.
Во Еурофарм Пелистер веруваат дека неговото искуство, организација на играта и квалитет на позицијата среден бек ќе донесат дополнителна стабилност и конкуренција во составот за сезоната 2026/27.
Официјалното претставување на Мехмедовиќ пред битолската јавност е закажано на стартот од подготовките за новата натпреварувачка сезона.
