Денес околу 5000 млади битолчани имаа несекојдневна можност во книжарницата на Просветно Дело лоцирана кај Ѕвончарите лично да ги сретнат и запознаат новите македонски YouTube ѕвезди Марко Марковиќ GP и Стефан Рашковиќ Steffonator.
Тие денес ја промовираа нивната книга “Нашиот пат ” во издание на Просветно Дело во која се и нивните автограми. Поупорните млади битолчани заедно со нивните мајки и татковци успеаја и заедно со нив да чкрапнат по едно селфи.
Гужвата и чекањето започна уште од 11.00 часот и моментално сеуште трае.
Иако настанот и промоцијата беше најавен до 18:00 ч. самите Јутубери гледајки го големиот интерес на битолчани изјавија дека ќе останат и неколку часа подоцна…
GP, Steffonator и младите битолчани, ден за паметење и радување…