БИТОЛА – Од 8 јуни официјално започнува сезоната за наводнување на земјоделските површини на подрачјето што го опслужува ЈП „Стрежево“ – Битола.

Од претпријатието информираат дека во тек се завршните подготовки на системот, како и полнењето на цевководната мрежа, со цел да се обезбеди непречено и навремено снабдување со вода за потребите на земјоделците.
Во пресрет на новата сезона, од ЈП „Стрежево“ апелираат до сите корисници кои имаат потреба од наводнување навремено да ги пријават површините што ќе ги користат и да склучат договори за наводнување.
Според претпријатието, навременото пријавување ќе овозможи подобро планирање и поефикасна распределба на водните ресурси, што ќе придонесе за поквалитетна услуга и подобра координација на целиот систем.
Од ЈП „Стрежево“ на сите земјоделци им посакуваат успешна, плодна и родна земјоделска сезона.
