Од „Фото Уни“ до вечноста: Студијата на Наум Карабатак што ја одбележаа Битола

од June 9, 2026 0 коментари

По две децении поминати во странство, битолскиот фотограф Наум Карабатак – Уни во 1980 година се враќа во родната Битола, носејќи со себе богато меѓународно искуство и врвни професионални знаења стекнати во Европа и САД.Во 1982 година го отвора своето студио „Фото Уни“ на улицата „Борис Кидрич“ бр. 28а, на локацијата каде претходно работело студиото на неговиот брат Филип. За кратко време, атељето станува препознатливо место низ кое поминуваат генерации битолчани, овековечувајќи ги своите најважни животни моменти.

Во 1987 година, студиото го префрла во сопствената куќа на улицата „Бранислав Нушиќ“ бр. 10, каде продолжува да работи со истата посветеност и љубов кон фотографијата сè до своето пензионирање во 1991 година.Така, Наум Карабатак – Уни не остави само илјадници фотографии зад себе, туку и значајно наследство во историјата на битолската фотографија, кое и денес претставува дел од колективната меморија на градот.

Неговиот син, Роберто Карабатак, фотографии од ИФФК ,,Браќа Манаки “.

Babam Bitola

Comments are closed.