Многу сакам да патувам. Толку многу сакам да патувам, што понекогаш мислам дека во тоа се состои и смислата на животот. Мислам дека убавината во животот се состои во искуствата. Патувањето е најдобриот начин да се дојде до нови искуства. И од тие причини, или патувам или кројам планови за следното патување.
Замислете си прошетки по тесни сокаци редени со калдрма, замислете си утро на плоштад со цвеќиња и чекор во непознати правци што ветуваат возбуда. И дефинитивно омилениот дел од секое патување ми е дегустација на локална храна и пијалоци. Тоа се моментите што не можам целосно да ги овековечам со фотографија, па се трудам да им дадам мал дел од мене. Особено ценам добро кафе во добар амбиент. Ќе ја фотнам шољичката со кафе, но вкусот и мирисот ќе ги зачувам само за себе. Како голема кафеџика, не пропуштам да пијам кафе сегде каде што патувам. Баш пред некој ден приметив дека на мојот блог, имам фотографија од кафе – пауза буквално од секоја дестинација. И ве уверувам, не е клише, италијанците прават најубаво кафе. Тоа го сфатив едно пурпурно утро на Piazza Di Santa Maria во мојот омилен кварт на Рим -Trastevere, кога за прв пат пробав еспресо Tonino Lamborghini.
За мене тоа е најдоброто еспресо искуство, од мирис и арома до вкус и текстура. Едноставно, семејството Ламборџини има мисија да ни ја овозможи италијанската префинетост и традиција, почнувајќи од уникатниот дизајн на автомобилите до оригиналниот вкус на пијалоците Tonino Lamborghini.
На мое големо изненадување, во Дизниленд Хит сега служат Tonino Lamborghini. Сосема случајно открив. И вкусот му е баш тој, погоден! Едно кратко епсресо и парче торта од мојата омилена слаткарница и повторно бев во Caffè di marzio на Piazza Di Santa Maria во Рим. Tonino Lamborghini во Дизниленд Хит – за мене тоа е привилегија во Битола!