Среда вечерта на 21.06.2023 г. не беше само обична летна вечер, Оваа среда започна една нова епизода во битолскиот ноќен живот покренати од желбата да му оддадеме почит на нашиот брат, другар, пријател, комшија, колега, школски Кире Чипуровски Чипуро заедно со локалните битолски диџеи и кафебарови направивме еден C-PURE TRIBUTE каде неколку стотици битолчани на најразлични места го спомнувавме нашиот битолчанец и диџеј кој секоја вечер со неговата музика ги оплеменувапе и им даваше енергија поголема од милион вати, и најповеќе од сѐ, им даваше душа.

Имаше еден коментар од присутните гости дека одамна немал видено толку градски луѓе на едно место, е такви деца сме сите заедно со ЧипурО, пулсиравме низ Битола 24/7 во текот на целиот живот.

Да се надеваме дека овај настан ќе продолжи и понатаму и ќе прерасни во голема битолска традиција како значаен дел од битолската културна и музичка сцена. Голема благодарност до фамилијата за нивната поддршка и вклученост во настанот со желба името и делото на Мр.Џек во континуитет да се спомнува и понатаму.

Голема благодарност до локалните кафе барови ПОРТАЛ, БАРИСТА, КАМАРИТЕ, БУРБОН, ДЕУС, ДОБРИ ВИБРАЦИИ, ПОРТА ЏЕЗ, ЈАГОДА и ноќен клуб ЈАГОДА што ни ги отворија ширум вратите и ќе одвојат голем дел од средствата кои се собраа во текот на оваа вечер и ќе бидат донирани за хуманитарни цели. Голема благодарност за локалните диџеи, Паркети и Бекдор Бенд од Охрид кои од срце направија атмосферата да биде како што доликува за еден град, за еден голем другар кој ќе си го носиме со себе до крајот на животот. Оваа вечер беше поклон тебе Кире, еден убав спомен кој ќе остане и за нас и ќе си го негуваме низ годините.

Од градо за ЧипурО . Ве поздравуваме сите…