ОД БИТОЛА ДО ХОЛИВУД: БИТОЛЧАНЕЦОТ КРИС ПЕТРОВСКИ ВО НОВ ФИЛМ НА NETFLIX, ПОВРЗАН СО ГИЉЕРМО ДЕЛ ТОРО

од • October 13, 2026 • 0 коментари

Од улиците на Битола до филмските студија во Холивуд – ова е животната приказна на Крис Петровски, актерот роден во Битола кој успешно го гради своето име во американската филмска индустрија.

Роден на 7 април 1991 година, Крис на петгодишна возраст со семејството се преселил во Нов Зеланд. Но, врската со родниот град никогаш не ја прекинал. Како дете редовно се враќал во Битола, а извесен период посетувал и настава во училиштето „Буковски ливади“.

Неговиот актерски пат го одвел во Лос Анџелес, каде што се школувал на престижната актерска академија „Стела Адлер“.

Пошироката публика го запозна преку улогата на Дмитри Петров во популарната американска серија „Madam Secretary“. Потоа следувале ангажмани во „FBI“, „NCIS“, „Ray Donovan: The Movie“ и други американски продукции.

Најновото потврдено филмско остварување во неговата кариера е „The Boy in the Iron Box“, хорор-филм на Netflix, заснован на книжевното дело на Гиљермо дел Торо и Чак Хоган. Петровски е дел од актерската екипа заедно со Руперт Френд, Кевин Дуранд и Џејден Мартел.

И покрај годините поминати во странство, Крис во своите интервјуа со гордост зборува за македонското потекло, семејството и спомените од Битола.

Уште една битолска приказна која покажува дека талентот роден во нашиот град може да стигне до најголемите светски филмски продукции.

Битола има со што да се гордее!

Babam Bitola

Comments are closed.