Битолчанката Марија Јанкуловска ја продолжува својата ракометна кариера во Франција, каде од следната сезона ќе настапува за францускиот клуб ASUL Vaulx-en-Velin од Лион.

Младата македонска репрезентативка, која игра на позицијата лев бек, со овој трансфер добива нова можност за развој и настапи во силното француско првенство.
Јанкуловска во изминатиот период настапуваше за ЖРК Вардар, а нејзиниот премин во Франција е уште една потврда за нејзиниот потенцијал и квалитет.
Извор и повеќе за трансферот: Битола Спорт
Претходна објава
Лазе 105 Бомбардер, човекот што остана во приказните на Битола
Следна објава
