На ден 03.11.2025 во 10:00 по непалско време, Горан заедно со непалскиот водич Ang Chirring Sherpa, го искачија врвот Ama Dablam висок 6.812 метри.
Ama Dablam го отвори патот на Горан за првата осумилјадарка!
Ama Dablam е комплициран технички врв сместен длабоко во Хамалајскиот масив во Sagarmatha National Park, за кој е потребно долго искачување со ротации на три висински кампови.Искачувањето вклучува долга аклиматизација, минусни температури во опсег -30, како и користење на комплетна алпинистичка опрема
Ama Dablam – често нарекуван Матерхорн на Хималаите, се издига на 6.812 метри во регионот Кумбу во Непал.
Зошто е посебен: Неговото име значи „Ѓерданот на мајката“ – долгиот висечки глечер на југозападниот дел изгледа како церемонијален приврзок на мајката.
Ama Dablam има стрмни, драматични гребени и изложена силуета, давајќи му уникатна и елегантна форма видлива од секој агол.
Во зависност од тоа каде го гледате – од Dingboche или Tengboche – изгледа сосема поинаку. Два погледи, иста магична планина. Ama Dablam не е само планина, туку ремек-дело на природата во Хималаите.
Горан е член на ПСК Пелистер и оттука тој испрати честитки до сите сограѓани по повод 4ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.





