Битолчанецот Ахилеја Блачоти е еден од најпопуларните жители во градот под Пелистер, главно поради својот необичен хоби. Тој, имено, повеќе од 30 години пие вода само од планината Пелистер! Поради неа речиси секој ден пешачи по околу 18 км. одејќи надвор од градот – до изворот „Гунели“.

Водата од Градскиот водовод не ја користи ни за миење!

– Во 1908 година наоѓајќи се на студии во Виена му пристапив на „Кнајп-клубот“, чии членови ги поддржуваа идеите на германскиот свештеник СЕБАСТИЈАН КНАЈП, кој проповедуваше дека здравјето го одржува – студената вода. Тој издаде дури и книга за хидро-терапеутски вежби, кои луѓето треба да ги прават за одржување на здравјето. Во Виена останав до 1939 година, а
по враќањето во Битола постојано пијам само чиста пелистерска вода.

Ахилеја Блачоти е вистински особеник. Иако во години, се уште се чувствува доста млад. Поборник е на фризурата „а’ла Јул Бринер“ и затоа постојано ја бричи главата.
– Првпат ја избричив главата во 1911 година во Париз заедно со еден мој школски другар. Така “Јулбринерски” избричани почнавме да се појавуваме во боемските кафеани на Монпарнас, Сен Мишел другите квартови на Париз. Сите чудно не гледаа, правејќи разни духовитости на наша сметка, Оттогаш минаа многу години, но мојата глава и натаму го има истиот изглед.“

Ахилеја Блачоти сега има 80 години. Но, за оваа возраст – изгледа мошне свежо и крепко. Има завршено два факултета и сега живее од подучување на ученици по математика. И покрај одминатите години, секојдневно
изведува повеќечасовни вежби за одржување на организмот.

– Годините воопшто не ми пречат. И сега се чувствувам млад, а ми се чини дека сето тоа го постигнав благодарејќи на чистата студена вода од Пелистер. Додека сум жив – нема да се напијам вода од Градскиот водовод.

П. Ставрев 1969г Вечер