ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ НАЈАВУВА
НОВА ПЛОЧА — НОВ ХИТ
Популарниот пеач најавува дека ќе сними нова плоча во која ќе
пее без Череповски
,,Македонско девојче” и “Ој Вардаре” хитови во Шведска
и Данска
Популарниот пеач на народни песни Јонче Христовски, уште повеќе познат како композитор на „Македонско девојче” и “ој Вардаре“, вчера дојде во нашата редакција и ни најави дека деновиве треба да сними уште две плочи.
–
Едната плоча, рече тој, ме
претставува пред љубителите
на мојата песла во нова светлина. Пеам сам. Досега пеев со мојот колега Череповски, но овојпат правам обид да излезам пред публиката како солист.
Јонче ни рече оти на неговата самостојна плоча ќе бидат
снимени, придружуван од ансамблот на Кочо Петровски,
четири негови композиции. Две
ни откри, но за другите две,
рече дека засега, се тајна.
–
– Првата песна е продолжување на мојот циклус патриотски песни. И дадов наслов ,,Народе Македонски”. Втората е боемска. Носи наслов „Ако умрам или загинам немој да ме жалиш”
Христовски ни рече дека од
успехот на „Македонско девојче” и,,Ој вардаре” е многу
задоволен. Веќе освоија сребрена плоча и брзаат кон златната. Покрај тоа деновиве пристигнале вести од Австралија и Канада дека „Ој Вардаре” е снимена на плоча. И неговиот прв хит,,Македонско девојче” веќе снимен и постига големи уе
песи меѓу нашите сонародници
во овие земји. Пријатна вест
за Јонче Христовски доаѓа и од
Шведска и Данска. Во овие
земји,,Македонско девојче” се
пее како најнов хит. Прифатена е од сите.
–
Втората плоча што ќе ја
ja снимам, рече, е стандардна. Пејам заедно со Череповски и таа спаѓа во циклусот хумористични песни. Еве два наслови: „Ке се женам“ и „Катино, Катинке”.
На крајот да кажеме
нешто за Христовски: се подготвува да ја испрати неговата и на Иван Чаповски ТВ е
мисијата на народна Музика
“Мајка” на меѓународниот фестивал на фолклорни ТВ емисии што во септември ќе се
одржи во ирскиот град Даблин
Б. П.
Статија посветена на Јонче Христовски од 1969 година објавена во весникот “Вечер”.
Битола стари фотографии