Подвиг на лекарот
Бошевски
Не губејќи ни миг лекарот Бошевски се фрли во надојдената вода на реката и ги
извлече на брегот две 4-годишни деца кои веќе се давеа.
Битола, декември.
– Близу железничкиот мост каде што пред неколку дена во Драгор загинаа двајца битолчани, за малку не се случи и втора трагедија. Таа е спречена благодарејќи на пожртвуваноста на младиот лекар Кире Бошевски кој бил во непосредна близина на местото кадешто во тој момент се давеле деца. Зафатени од водата, две четиригодишни деца кои, не слутејќи каква животна опасност ги очекува на брегот на реката – во виорот на Драгор одненадеж се најдоа на длабочина од 3-4 метри. Повикот за помош го чул лекарот Бошевски и веднаш со се облека се фрлил в река за да ги спасува животите на децата.
Немав многу време за размислување младиот спасител на децата. Секоја минута можеше да биде трагична. Во последен момент ги за фатив и извлеков на брегот на реката – едно по едно. Сторив она што треба да го направи секој наш граѓанин.
C. M.
Извор Битола Стари Фотографии