Денеска со Панде Коминовски – Пашата – Композитор, пејач и армоникаш (отсекогаш за народот)

Кој успеа да те натера да снимиш плоча?

Некои мои пријатели… и непријатели. Но и едните и другите, сепак, не можат без мојата музика.

Каков „шлагер“ е сега во мода?

„Шлагерот“ на ТВ Скопје – да ги затвора вратите пред изведувачите од внатрешноста.

Си бил подобар шофер отколку армоникаш?

Кога не свирам – да!

Си имал и некоја „скромна“ желба?

Да. Најновата плоча да се сними во милионски тираж.

Вечер 1969 г.