Со висока енергија, дисциплина и јасна визија, денеска беше одработен првиот тренинг под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Стевче Алушовски. Тренингот помина во работна и мотивирачка атмосфера, со акцент на физичката подготвеност, тактичката дисциплина и тимската кохезија.

Алушовски веднаш го наметна својот препознатлив пристап, интензитет, максимална посветеност и јасни барања од секој поединец. Играчите одговорија професионално, покажувајќи желба и подготвеност за новиот предизвик.

Ова е почеток на нова фаза, во која тимот ќе се гради чекор по чекор, со јасна цел и силна верба во заедничкиот успех.