Одложен настан, исполнето ветување: Нови детски креветчиња за градинката „Пролет“ во Битола

од June 18, 2026 0 коментари

Дали се сеќавате на април, кога поради технички проблем во Центарот за култура и падот на дел од таванот, беше одложен хуманитарниот настан Cosmic Easterland со Биби и Боби и изгледаше дека ќе биде прекината и една убава традиција.
Но не беше.

Cosmic Development деновиве и покрај неодржувањето на настанот ја реализираше донацијата што беше планирана и во градинката „Пролет“ во Битола достави нови детски креветчиња.

Easterland веќе три години по ред е велигденска иницијатива која покрај детската програма и забавата има и хуманитарна цел, подобрување на условите во битолските градинки.

Годинава, иако поради околности надвор од организацијата не се реализираше планираната програма со Биби и Боби, одлуката била едноставна, донацијата да не зависи од тоа дали настанот се случил.

Новите креветчиња веќе се дел од секојдневието во градинката „Пролет“, а најдобра потврда дека завршиле на вистинското место се фотографиите од децата кои веднаш ги прифатија како свои.

„Понекогаш најважниот дел од еден настан не е она што се случува на сцената, туку она што останува зад неа“, велат од Cosmic Development.

Од компанијата најавуваат дека Easterland ќе продолжи и во иднина, со истата идеја, празничната атмосфера да остави нешто корисно и трајно за најмалите битолчани.

Babam Bitola

Comments are closed.