покажа одличен почеток на натреварувачката сезона, настапи на два големи меѓународни турнири. На 9 ти март се одржа „ФУНАКОШИ ОПЕН„ на кој имше 590 натпреварувачи од 8 држави К. К. „ Заншин до “-Битола на овај турнир се закити со 21 медал и тоа 2 злата , 4 сребра и 15 бронзи.

На овај голем турнир настапија и Вероника Кочов и Стефанија Кикевска кои повторно покажаа дека сите деца се еднакви и можат да го постигнат врвот во се она што сакаат , овие две девоќи се закитија со злато и силен аплаус од сите присутни во салата.

На 31 март се одржа ГРАНД ПРИ МАКЕДОНИЈА на кој учествуваа 1200 натпреварувачи од 13 земји ( Азаберџан, Босна, Бугарија, Хрвацка, Египет, Грција, Унгарија, Косово, Црна Гора, Србија , Словенија и Македонија) на овај голем настап К. К. „ Заншин до “-Битола се закити со 12 медала и тоа 4 сребра и 8 бронзи.

Горда сум како тренер и продолжуваме со подготовки за големиот турнир кој ќе се одржи на 14.04.2024 год. ОЛИМПИК ОПЕН 2024 на кој повторно ќе настапиме со масовна екипа меѓу кои ќе настапат Стефанија Кикевска и Вероника Кочов.