Ски центарот Копанки ги радува љубителите на зимските спортови со одлични вести – цела недела ќе биде овозможено скијање на двете ски патеки. По обилните снежни врнежи, снежната покривка е стабилна, а условите за скијање се оценуваат како одлични.
Од менаџментот на центарот информираат дека патеките се подготвени и безбедни за користење, а посетителите ги очекува вистинско зимско доживување во срцето на Националниот парк Пелистер. Покрај квалитетните скијачки услови, Копанки нуди и пријатна атмосфера, чист планински воздух и природна убавина која привлекува сè поголем број посетители.
Ски центарот ги повикува сите љубители на снегот и планината да ја искористат зимата на најдобар можен начин и да бидат дел од скијачката сезона на Копанки.





