Од неофицијални извори дознаваме дека денес има инспекција на целиот комплекс на жичарите и патеките кај битолско Нижо Поле и Скијачкиот центар „Нижо Поле“ што се наоѓа над истоименото потпелистерско село и најверојатно од утре или деновите кои следат ќе се дозволи ноќното скијање на патеките што се наоѓаат на 1585 метри надморска височина. 

ЈП „Стрежево“-Битола, стопанисуваат со скијачките патеки а љубителите на зимските спортови се повеќе се заинтересирани за атрактивно скијање и затоа се одлучуваат за ноќно скијање кое е овозможено преку амбиентално осветлување на патеката за скијање. Тоа се врши од неколку платформи на кои се поставени 45 канделабри и дополнителни 20 канделабри кои ја осветлуваат ски патеката по нејзината должина. Со најавата на постудено време и поголеми снежни врнежи битолчани, но и гости од државата и странство повторно ќе имаат можност да уживаат скијајќи дење и ноќе.

Скијачкиот центар „Нижо Поле“ освен со два ски лифтови, располага и со детски парк, чајџилница, 48 клупи и други зимски рекреативни реквизити каде комлетно ќе уживате во убавините на Баба планина. 

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here