На Државното првенство за училишен спорт во пинг-понг, што се одржа вчера во Пехчево, битолските ученици постигнаа исклучителни резултати и се вратија со вкупно три медали во конкуренција на основните училишта, како и значајно високо пласманско место кај средношколците.

Медали за основци

  • Кристијан Митевзлатен медал и титула Државен првак во конкуренција на основните училишта во Македонија
  • Натали Бејковскасребрен медал и 2-ро место
  • Калина Митевабронзен медал и 3-то место
  • Андреј Бејковски4-то место, веднаш до медалите

Сите натпреварувачи настапија за своето училиште ООУ „Стив Наумов“ – Битола, под менторство на наставникот Христијан Јовановски.

Успех и кај средношколците

  • Дарко Китановски од СЕПУГС „Јане Сандански“ – Битола го освои 3-то место и бронзениот медал.

Честитки!
Овие резултати претставуваат голем успех за учениците, училиштата, градот Битола и пинг-понг клубот, кој континуирано ги поддржува младите таленти.

Браво за борбеноста, трудот и спортскиот дух!