Во организација на Сојузот на спортови Битол , во преполната сала на Народен ТеатарБитола, се одржа свечениот Избор за најдобри спортисти и екипи за 2025 година, на кој значајни признанија освои и одбојкарскиот клуб .
Клубот беше награден со признание за најуспешна сениорска екипа за 2025 година, освојувајќи го третото место, со што уште еднаш ја потврди својата стабилност и континуитет во врвот на битолскиот спорт.

Во индивидуална конкуренција, одбојкарката Марија Димитровска се најде на високото 8. место меѓу Топ 10 спортисти на град Битола за 2025 година, што претставува значајно признание за нејзината посветеност и резултати.

Успеси и во младинските категории
Како дел од репрезентацијата на Македонија на младинската олимпијада, заедно со тренерот Александар Темелковски, признанија добија и младите надежи на клубот:
- Мартина Талевска – најдобар млад спортист на Битола
- Мила Андоновска – најдобар млад спортист на Битола
- Евгенија Јовчева – најдобар млад спортист на Битола
Дополнително, како дел од репрезентацијата на Македонија У19 на Балканското првенство во Тирана, Албанија, клубот имаше свои претставнички и во составот:
- Ана Ицковска
- Лиле Лозановска
Овие успеси се уште една потврда дека Пелистер Волеј континуирано создава квалитетни спортистки и репрезентативки кои достојно го претставуваат клубот, градот и државата на меѓународна сцена.

Свеченоста помина во одлична атмосфера, со беспрекорна организација од страна на Сојузот на спортови и со поддршка од ОпштинаБитола, која и понатаму останува значаен партнер во развојот на спортот.

Од клубот упатија честитки до сите наградени спортисти и екипи, потенцирајќи дека Пелистер Волеј давал и ќе дава бројни успешни имиња кои ќе го носат спортскиот дух на Битола со гордост.





