Во рамките на Битолско културно лето 2025, во организација на Book’s House, ќе се одржи специјален хуманитарен настан посветен на македонската литература и уметност.

📅 Дата: Сабота, 30 август 2025
🕗 Почеток: 20:00 часот
📍 Локација: Бар Општина, Битола

Публиката ќе има можност да ужива во книжевни читања и дружење со македонски автори, збогатени со музички настапи кои ќе ја создадат вистинската културна и хуманитарна атмосфера.

Музичка програма:

Нала Бенд

Бојан Стојков

Димитар Андоновски

Сара Петровска

Настанот има хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за купување на школски прибор и материјали за деца со посебни потреби.

Ве покануваме да бидете дел од оваа незаборавна вечер исполнета со збор, музика и хуманост.