На локација во салата на советот на Општина Битола оваа сабота на 16.11.2024 г. во 12.00 ч. ќе се одржи панел дискусија на тема „Предизвиците со кои се соочуваат родителите на децата со аутизам во новата ера“, предводена од проф. Д-р Владимир Трајковски претседател на МНЗА – Македонското научно здружение за аутизам.
Настанот има за цел да поттикне поголема свесност за предизвиците со кои фамилиите на децата и лицата со аутистичен спектар на нарушување се соочуваат. Ќе се дискутира кои се најгорливите предзивици со кои соочуваат овие лица и нивните фамилии, каде недостига системската поддршка, како новото време и технологии влијаат и секако, да се слушне гласот на експертите кои работат на ова поле.
Настанот го организира „Порака Нова“, во рамки на проектот – „Од различна перспектива: Предизвиците со кои се соочуваат родителите на децата со попреченост во новата ера“ кој е поддржан од општина Битола.
Поддржано од Општина Битола и Бимилк.
Регистрацијата е отворена и може да се пријавите на овој линк
https://forms.gle/UhLboHDw7arnWXXH7