Само пет дена не делат од големиот настан на Градскиот стадион во Битола, и со задоволство ви ја претставуваме програмата за настанот. Сакаме искрено да Ви се заблагодариме на сите за големиот интерес кој го покажавте за овој настан, и мило ни е што на настанот ќе има публика од различни краишта на земјата – Битола, Прилеп, Охрид, Скопје, Кичево, Струга, Ресен итн… Тоа е доказ дека културата и културните настани се уште се ценат во Македонија.
03.07.2024, 19:00, The Stars Symphony настанот кој ќе го обележи летото, а и годината во Битола и Македонија.
Останати се околу 300 карти за трибина – блокови со седење, така што сите коишто сте заинтересирани за трибина, картите се во продажба во Тобако Димпо (Ленски Мост, Гроздот и Новиот Пазар) и онлајн на следниот линк:
https://www.yournextevent.info/event.php?id=49, партер е отворен. 😊
Се гледаме на 03.07.2024.