По повод Светскиот ден на планините и големиот јубилеј – „90 години постоење и континуитет на Планинарскиот спортски клуб Пелистер Битола (1935 – 2025)“, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и ПСК „Пелистер“ – Битола упатија покана до сите планинари, планинарски клубови и љубители на природата.

Настанот ќе се одржи на 14 декември (недела) на падините на планината Пелистер, со активности кои ќе го одбележат двојниот празничен повод.

Програма:

  • Планинарска акција
  • Доделување признанија
  • Забавен дел

📍 Локација: Инфо Центар на Национален Парк „Пелистер“

Организаторите најавуваат дека деталните информации за условите на планинарење, временската прогноза и отвореноста на патеките ќе бидат дополнително објавени во текот на наредната седмица, со цел овозможување најдобра организација и безбедност за сите учесници.

Со планинарски поздрав,

ПСК „Пелистер“ – Битола