ОБД МАКО АС БРОКЕР со подружница во Битола – даде донација во ОУ„Коле Канински“ Битола.

„Во светот кој често заборава, сè уште има луѓе со добро срце.
Од името на нашето училиште, изразуваме длабока благодарност до Осигурителното друштво МАКО АС БРОКЕР – подружница Битола, за нивната несебична донација на кујна.

Со оваа донација условите во нашето училиште растат, а вие покажавте дека добрината сѐ уште постои. Вашата поддршка е од огромно значење за нас и претставува вистински пример за хуманост и општествена одговорност. Вашиот чин ќе остане запаметен и ценет од сите нас. Со почит “ …ни пренесе колективот на ОУ„Коле Канински”